(Видео) Инцидент пред Белата куќа – Камион удри во безбедносните бариери, возачот приведен

Американската полицијата приведе возач на камион кој со своето возило удри во безбедносните бариери на плоштадот Лафајет пред Белата куќа во Вашингтон, изјави портпаролот на американската тајна служба.

„Во инцидентот нема повредени, а причината и другите детали за овој инцидент се истражуваат“, објави портпаролот на американската тајна служба на својот Твитер профил и додаде дека некои патишта и пешачки патеки се затворени во областа“, пренесува Ројтерс.

Google search engine

Блискиот хотел „Хеј Адамс“ беше евакуиран на барање на тајната служба, објави „Вашингтон пост“.