Кошаркарот на ЦСКА Москва Алексеј Швед бил нападнат од страна на хулигани во главниот град на Русија.
По хоспитализацијата и престојот во болница, лекарите на Алексеј Швед му дијагностицирале фактура на черепот и загуба на помнењето.
Според зборовите на лекарите, Алексеј Швед доживеал повреди опасни по живот – скршеница на темпоралната коска, отворена краниоцеребрална повреда, скршеница на базата на черепот и амнезија. Ова го пренесува „Московски Комсомолец“.
— Pluton (@Pluton45873221) May 2, 2023
Потсетуваме, инцидентот се случил во еден ресторан во Москва вечерта на 1-ви мај. Швед излегол со својата сопруга и пријателите. Во исто време, во друга сала на ресторанот се весело големо и бучно друштво на луѓе од Кавказ, кои славеле роденден. До судирот меѓу двете страни дошло во ходникот на ресторанот.
Швед прво влегол во расправија, а потоа и во судир со пет мажи од Кавказ, кои почнале да го малтретираат. Излегле на улица и вербалниот конфликт прераснал во физички. Се се случило во 23:15 часот, забележале камерите. Швед бил удрен и паднал на асфалтот, удрил со главата на работ од тротоарот и обилно крварел од главата и увото.

Напаѓачите сакале да го „докрајчат“ кошаркарот, но на помош му притрчал персоналот на ресторанот. За среќа Швед останал жив. Наводно напаѓачите не доаѓале претходно во ресторанот, а полицијата трага по петмина мажи. Швед не бил во алкохолизирана состојба.
Само неколку часа пред кобниот настан, Алексеј Швед го играл петтиот одлучувачки натпревар со ЦСКА Москва против Локомотив Кубан и изгубил. Така московскиот клуб за прв пат во својата историја останал без пласман во финалето на кошаркарката ВТБ лига.
