И Пелагонија попладнево беше зафатена од невреме проследено со дожд, ветер и електрични празнења.
Метеорологот Славчо Попоски на својот Фејсбук профил објави видео од торнадо во битолското село Живојно.
„Денеска поради големата нестабилност во Атмосферата, дојде до формирање на Торнадо во Македонија – Живојно, Битолско,“ напиша Попоски.
Според прогнозата и во текот на ноќта ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Веќе два дена Македонија е под влијание на влажна воздушна маса, а иако на оделни места имаше пороен дожд, засега не е забележано поголемо невреме со штети.