(Видео) Голема акција на полицијата во Хрватска: Уапсен директорот на ХРТ и поранешни соработници на Бандиќ

Во хрватката престолнина Загреб во тек e нова голема операција на USKOK и полицијата, во која досега се уапсени пет лица, а меѓу нив има и некои имиња познати на јавноста, известуваат во средата локалните медиуми.

Според хрватските медиуми, приведен е и генералниот директор на јавниот сервис на ХРТ, Казимир Бачиќ. Сѐ уште трае претресот на неговата куќа, се додава во медиумските извештаи.

Google search engine

Апсењата се поврзани со сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација во Загреб, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година.