Един Гачанин (40), наречен Тито, е уапсен во Дубаи во рамките на голема меѓународна акција во која се приведени вкупно 49 луѓе, кои биле лидери и членови на таканаречениот „суперкартел“.
Припадниците на оваа голема криминална група паднале во акцијата „Пустинско светло“, која траела од 8-ми од 19-ти ноември, во текот на која се запленети околу 30 тони кокаин, а полицијата во текот на апсењето претресувала само луксузни вили и автомобили, како во Дубаи, така и во држави во Европа.
„на снимката која ја објавила Европол и холандската полиција се гледа дека сè што во оваа голема меѓународна акција заплениле инспекторите е вредно милијарди“, се наведува во тамошните медиуми.
Во една од гаражите која е регистрирана како рент-а-кар агенција „Магна“ снимени се десетина автомобили од марката „Ферари“, но и други луксузни марки како што се „Порше“ и „Ламборџини“.
Во луксузните вили со базени кои биле пребарувани пронајдени се стотици брендирани часовници, кои вредат вистинско богатство, а меѓу запленетите работи има и разни уметнички дела.

Полицијата и агентите на Европол и „DEA“ со полициски кучиња ги пребарувале сите складишта на уапсените припадници на кланот, а притоа била пронајдена и огромна количина на пари скриени на разни места, а меѓу другото и по кеси, канти, фиоки.
Покрај сите скапоцени работи пронајдени се и десетина, како што се претпоставува, лажни пасоши, кои ги користеле шверцерите на кокаин.
