(Видео/Фото) Опожарен автомобил на Петре Шилегов

Утрово на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, му изгореа автомобил, а покрај неговиот настрадаа уште три. Причните сеуште не се познати за опожарувањето на автомобилите.

„На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул. „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М. (53). Се врши увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Google search engine

 

 

ПретходнаНа социјалните мрежи се споделува видео од Зеленски и неговата сопруга, настанато неколку денови пред почетокот на инвазијата
СледнаРусија најави брз, жесток и болен одговор на западните санкции