Девојка од Киев го сними моментот на нападот на главниот град на Украина. Ударот на ракетата бил толку блиску до неа што на видеото може да се види силно црвено светло од пламенот од експлозијата, а девојката била покриена со урнатини.
Од утрото траат жестоки руски напади врз Украина, а на социјалните мрежи се шират бројни видеа од експлозии и последици од бомбашките напади. Едно од нив е видео од девојка која се движела по улица и случајно снимила ракетен удар.
Девојката миг пред експлозијата изјавила дека штотуку видела проектил во воздух. Неколку секунди подоцна дошло до силен удар кој бил толку блиску до неа што на видеото се гледа силно црвено светло на пламенот, а таа била покриена со урнатини. По силната експлозија ја држела главата и видно потресена почнала да бега, а потоа ја исклучила камерата.
A girl was recording a video message in #Kyiv and was hit by an explosive wave. pic.twitter.com/LJIX5iDmWK
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Руските напади траат од раните утрински часови, а експлозии одекнуваат во неколку украински градови.
На социјалните мрежи се шират и други снимки од руското бомбардирање на Украина. Меѓу нив е и снимка од директен пренос од Киев, при што се слуша прелетување на проектил.
Дописникот на Би-Би-Си, Хуго Бачега, известуваше во живо од таму кога се слушна како доаѓа друг проектил. Бачега набрзо се засолни, а преносот од Украина нагло беше прекинат.
BBC News recorded one of the the strikes live on air pic.twitter.com/ASyZ4fvxIs
— Chris York (@ChrisDYork) October 10, 2022
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко им порача на граѓаните на главниот град на Украина да останат во засолништа. Неколку лица загинаа во руското гранатирање на градот во понеделникот, објавија службите за итни случаи. Сѐ уште се собираат информации за жртвите.