(Видео)Бугарските медиуми објавија снимка од моментот на пожар во автобусот

Најмалку 45 лица го загубија својот живот во катастрофалната сообраќајна незгода која се случи во близина на Дупница на АМ „Струма“ меѓу кои и 12 деца.

Во автобусот патувале 52 лица, а меѓу загинатите има и две близначиња. Седум лица се преживеани и испратени во урегнтниот центар во „Пирогов“.

Google search engine

Автобусот се враќал од Истанбул кон Скопје, а на граничниот премин „Капитан Андреево“ влегол вчеравечер околу 21.00 часот.

Инцидентот се случил нешто околу 03.00 часот.

На лице место се наоѓа премиерот Зоран Заев, МНР Бујар Османи и Венко Филипче.