(Видео) Бајден направи нов гаф: Украинците станаа Иранци

Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на годишното обраќање пред Конгресот за состојбата на нацијата направи гаф кој ги разбранува социјалните мрежи. Зборувајќи за ситуацијата во Украина, тој ги помеша Украинците со Иранците, пишуваат медиумите.

„Путин може да го опколи Киев со тенкови, но никогаш нема да ги освои душите и срцата на иранскиот народ“, рече Бајден, веројатно мислејќи на украинскиот народ.

Google search engine

На социјалните мрежи набрзо се појави видео на кое се гледа како потпретседателката на САД, Камала Харис во моментот на гафот на Бајден стои зад него тивко кажувајќи „украински“.

На социјалните мрежи се појавија и коментари во кои корисниците прашуваат: „Што по ѓаволите рече?“.

Ова е само еден во низата гафови на Бајден, а тој самиот еднаш за себе рече дека е „машина за гафови“.