(Видео) Автомобил удри во оградата на руската амбасада во Букурешт – возачот изгоре зад воланот

Возило утрово удрило во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт.

Во извештајот на државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руското дипломатско претставништво и дека возачот починал на лице место.

Google search engine

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат автомобил во пламен на самиот влез во дворот на амбасадата.

На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.