Венеција без вода: Романтичните канали целосно пресушија…

Италијанскиот град познат по своите канали и романтичните возења низ нив, за време на осеката изгледа сосема поинаку.

Само неколку месеци после подигнувањето на нивото на морето и поплавите, венецијанските канали сега практично целосно пресушија.

Google search engine

Бродовите и чамците се насукани, а познатите канали сега наликуваат на ровови со кал.

Иако ова не е така ретка појава во Венеција, драстичниот пад на нивото на водата е изненадувачки, посебно откако во ноември беше регистриран највисокиот водостој во последните 50 години.

Ваквите драстични промени на високиот и нискиот водостој се поврзани со плимата и осеката, но според научниците, исто така се и директна последица на климатските промени во светот.