Во истрагата против криминалната група на Веља Невоља и Марко Миљковиќ има докази дека осомничените го инвестирале незаконски стекнатиот капитал во разни бизниси.
Криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ Маре, која е осомничена за киднапирања, убиства и трговија со дрога, вложиле валкани пари во фудбалски клубови, фудбалери, недвижнини, автомобили и скапи часовници, дознава српски Курир!
Истражителите наидоа на докази кои откриваат дека тие инвестирале пари и во компјутери за трговија со биткоин, тие исто така имале свои агенции за изнајмување автомобили, агенции за безбедност, но и свои фудбалери, на кои им биле менаџери.
Сè уште се проверува кои фудбалери ги држеле членовите на групата Беливук, но и каков бил договорот со нив, односно дали тие доброволно се согласиле за нивната кариера да решаваат членовите на оваа криминална група или биле принудени да соработуваат. Тие секако зедоа дел од парите од трансферите како нивни менаџери, открива соговорникот на српски Курир.
Според него, се сомневаат дека некои познати имиња на српскиот фудбал биле меѓу играчите на Беливук.
Познато е дека криминалната група дејствуваше под маската на навивачката група на ФК Партизан, Принципи. Дел од стадионот во Хумска, просториите на ресторанот и бункерот под трибините ги користеле исклучиво тие и од нив зависеше дали некој ќе влезе таму и кој тоа може да биде. Таму е пронајдена дрога и оружје, како и документи, што ќе биде важен дел од истрагата, додаде тој.
Дека фудбалерите на Партизан биле гости во бункерот, докажуваат и видеоснимките.
Сепак, тие не само што работеа менаџерска работа, тие имаа и свои фудбалски клубови. Така, на пример, Александар Глигоријевиќ, кој тесно соработуваше со кланот, а потоа, како што се сомнева, тие го убија, тој беше сопственик на клубот Текстилац од Оџак. Се сомнева дека тие биле основачи и на женскиот ФК Партизан, открива извор од истрагата. Екипара на Веља Невоља наводно го презедоа ФК Динамо од Панчево.
Покрај документите, при претрес на становите и просториите што ги користеле, пронајдени се над 20 скапи часовници Ролекс, Ибло и Инвикта, со целата придружна документација.
Осомничениот Милован Тадиќ, шефот за безбедност на Вељко Беливук, имаше најмногу часовници во неговиот стан, додека на име на Марко Миљковиќ се водат најголемиот број луксузни автомобили. Пронајдена е и голема количина на готовина, над 30 000 евра имало само во семејниот стан на Вељко Беливук. Откриени се и сметки и сефови, додаде соговорникот.
Криминалната група заработила најмногу пари од трговијата со дрога за кавачкиот клан, со кого тесно соработувале, но, како што се сомневаат истражителите, заработиле и добар дел од парите рекетирајќи ги жртвите.
Истрагата се сомнева дека некои од становите биле буквално украдени од инвеститори, но и дека краделе и автомобили од жртвите. Според собраните докази, Здравко Радојевиќ бил убиен со цел да бидат украдени шест луксузни автомобили, чија вредност е неколку стотици илјади евра, открива тој.
Се верува дека осомничените и сега непречено ги водат своите бизниси од затвор.