Веља Невоља бил предаден од љубовницата! Се сликал со жртвите кои ги касапел а потоа фотографиите и ги праќал неа

Фотографиите од злосторствата на мафијашкиот клан на Веља Невоља ја шокираа српската јавноста, а тој тие фотографии ги испраќал до посебна личност во која верувал.

Откриено е и дека Беливук на својата љубовница и испраќал фотографии од кои им смрзнува крвта во вените и на кои тој позира заедно со жртвите.

Google search engine

Српскиот министер за полиција Александар Вулин покажа претходно необјавени фотографии од бруталните дела на кланот Вељко Беливук.

Вулин рече дека некои од нив повраќале по овие фотографии.

Ова е осакатено тело, труп без глава. Ова се нозете на овој човек … Тоа се убици и ѓубриња кои никогаш не заслужуваат да бидат ослободени. Она што го видовте им беше покажано на семејствата. Некои повраќаа, одбиваа да гледаат, некои велат дека тоа не е вистина, рече Вулин.

Српските медиуми пишуваат дека љубовницата на Беливук е директорка на еден дневен весник, а таа ќе биде и соработник сведок, поради што добила полициско обезбедување.

Таа е обвинета за перење на крвавите пари на Веља Невоља и најверојатно ќе биде сведок соработник во процесот против неговата мафијашка банда, за што добила полициско обезбедување, пишува Информер.

Извор од истрагата откри дека таа неодамна се преселила во скап стан во Нов Белград, каде полицијата ја чува 24 часа на ден.

На крајот на февруари беше однесена во СБПОК, каде беше испрашувана како дел од финансиската истрага на кланот Беливук. Полицијата се сомнева дека Веља Невоља преку својата љубовница и уште неколку блиски луѓе ги легализирал парите што ги заработил од шверц на дрога, рекетирање, изнуда. Љубовницата на Веjaа тогаш се согласила да соработува со истражителите бидејќи сфатила дека и се заканува долгорочна казна ако се обиде да скрие докази против него, вели соговорникот.

ПретходнаФалсификувале дипломи, се запишале на факултет поради девојка, менувале професии: Што студирале најпознатите светски политичари?
СледнаМицкоски со концепт за иднината: Ќе го формализираме тргувањето со криптовалути и ќе бидеме пионери во регионот во блокчејн технологијата