Езџан Алиоски е пред многу важна одлука во својата кариера, одлука која ќе ја донесе или пред или по престојното Европското првенство.
На големиот борец му завршува договорот со премиерлигашот Лидс Јунајтед и сега дилемата е дали да остане на „Иланд Роуд“ или пак да отвори нова страница од фудбалското патување. Има понуда да продолжи во сегашната средина, ама и да се реши за некој друг предизвик како на пример за Галатасарај.
Тоа е клубот за кој најмногу се пишува во медиумите, ама по се изгледа не е единствен и за тоа говори веста која ја сподели „Хабер61“. Овој извор пренесува дека Џани е супер интересен за Трабзонспор, но за турскиот прволигаш проблем може да биде калчолигашот Милан кој наводно „гризе“ за левиот бек.
Медиумиот пренесува дека Алиоски и Милан се во преговори, поточно дека Трабзонспор би можел да влезе во игра само ако репрезентативецот и „црвено-црните“ не си подадат рака за соработка.
Во веста се вели дека Трабзон го мерка и Биргер Мелинг од Ним, ама за него ќе мора да плати обештетување и поради тоа Алиоски останува во фокусот иако Милан е голема пречка.
Ако Алиоски се пресели на „Сан Сиро“ тоа ќе биде уште еден наш репрезентативец на Апенините по Горан Пандев, Елиф Елмас, Илија Несторовски и Бобан Николов.
Trabzonspor'a Alioski’de Milan engeli https://t.co/YWxF11BnAc
— TRABZONSPOR❤️💙 (@61TuranTs) May 31, 2021