Велат дека природно е најзгодната жена на светот, а сега објави провокативни фотографии

Емили Ратајковски после разводот од продуцентот Себастијан Бер Меклард ужива на слобода, а неодамна исплива веста дека таа запловила во нова романса и тоа со холивудскиот комичар и познaт заводник Пит Дејвидсон.

Но, доколку им веруваме на шпекулациите згодната манекенка нашла уште едно момче – диџејот Орасио Риспo, а дека во ова има вистина докажуваат и нејзините неодамнешни изјави дека е отворена за забавување со повеќе мажи, па дури и истовремено.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inamorata (@inamoratawoman)

Гласините започнале да кружат откако Риспо бил фотографиран додека одел во нејзиниот стан, а претходно се пишуваше за романсата на Ратајковски со Дејвидсон, па тие дури и биле „уловени“ заедно.

Убавата 31-годишна манекенка секако дека не го потврдила ниту едниот ниту другиот однос, но затоа своите фанови ги израдувала со разголени фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.

Имено, Емили споделила провокативни фотографии во минијатурно бикини со леопардски принт, акцентирајќи го своето деколте, но и бујниот задник.

Да ве потсетиме, оваа манекенка се прослави токму благодарение на експлицитните фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи, притоа заработувајќи милиони долари од истите.