Веќе и потврдено: Кина ја бутна од тронот Америка, тие за две децении богатството го зголемиле за неверојатни 17 пати!

Кина ги надмина САД на листата на најбогати држави во светот, објави консултантската компанија McKinsey & Co. Богатството на Кина порасна од седум на 120 трилиони долари за две децении. Американците бараат од McKinsey & Co. да ги открие врските со Кина, бидејќи многу пари се во рацете на десет отсто од населението.

Американската консултантска куќа, која неодамна беше критикувана дека истовремено дава услуги на моќни кинески компании и Пентагон, објави студија според која вкупното светско богатство во последните две децении се зголемило трипати, од кои дури една третина од новото богатство завршило во Кина.

Google search engine

Богатството на Кина се проценуваше на околу седум трилиони долари во 2000 година, додека дваесет години подоцна експлодираше на дури 120 трилиони. Во исто време, САД само успеаја да го удвојат своето богатство, генерирајќи уште 90 трилиони долари.

Експертите од McKinsey & Co предупредуваат дека овој раст не е директно поврзан со растот на бруто домашниот производ (БДП) и дека експлозијата на богатството во светот, на крајот од денот, може да резултира со сериозна криза.

Консултантската фирма наведува и дека вкупното светско богатство од 156 милијарди долари во 2000 година достигнало дури 514 трилиони.

Ние сме побогати од кога било досега, изјави за Bloomberg – Јан Мишке од Глобалниот институт McKinsey во Цирих.

Истражувањето McKinsey & Co. е спроведено во 10 земји, кои сочинуваат речиси две третини од светското богатство.

САД и Кина се најголемите светски економии, но само две третини од населението успева да контролира две третини од граѓаните на овие земији, пренесува McKinsey & Co., предупредувајќи дека во иднина тој однос би можел уште повеќе да преовладува во корист на богатото малцинство.

Истовремено, растот на богатството не е проследен со раст на бруто домашниот производ, што се објаснува со силниот раст на цените на недвижностите предизвикан од падот на каматните стапки.

Споредено со растот на платите, цените на недвижностите скокнале за цели 50 отсто, што ја доведува во прашање одржливоста на таквиот раст.

Според проценките, дури 68 отсто од новосоздаденото богатство е инвестирано во недвижен имот, додека остатокот е инвестирано во инфраструктура, опрема, како и интелектуална сопственост.

McKinsey & Co. неодамна се најде на мета на сериозни критики во Америка, бидејќи многу експерти се побунија затоа што таа консултантска компанија истовремено дава услуги на Пентагон и на кинески компании.

Тие сметаат дека McKinsey & Co. има одличен увид во напредните програми за оружје во САД, и дека ги советуваат компаниите кои даваат поддршка за забрзаниот развој на кинеската морнарица.

Иако по ходниците на Капитол Хил веќе подолго време кружат обвиненија против McKinsey & Co, американските власти останаа слепи да пронајдат докази кои би ги поткрепиле ваквите тврдења, пренесува американската телевизиска мрежа NBC.

И покрај недостатокот на докази, продолжи притисокот врз најголемата консултантска фирма во светот да открие повеќе детали за водењето бизнис во Кина, првенствено одговарајќи на наводите поврзаности со наводната индустриска шпионажа, кражба на интелектуална сопственост и развој на вооружените сили во Кина.

Компанијата, на чија сметка американските власти од 2008 година уплатиле повеќе од 850 милиони долари, тврди дека следи сложени внатрешни протоколи, кои целосно ја исклучуваат можноста за конфликт на интереси.