Вејн Руни во нов скандал: Испливале шокантни фотографии, била контактирана и полицијата

Британски “The Sun” излегол со идентитетот на тие девојки, а станува збор за “снепчет” моделот Тајлер Рајан и нејзините пријателки Елис Мелвин и Брук Морган. Сите три имаат по 21 година.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, сега тренер на Дерби Каунти, ја потресол Англија со скандалот во кој се нашол неодамна.

Имено, Руни е фатен со три девојки како се забавува до раните утрински часови, додека со една од нив се бакнува во ноќен клуб. Меѓутоа, тоа што го предизвикало скандалот се фотографиите кои протекле во меѓувреме.

А на нив се гледа како Руни е онесвестен во друштво на полуголите девојки кои сами ги правеле фотографиите и ги проследувале понатаму. Кога се освестил, некогашниот напаѓач сфатил во каков проблем се нашол и се јавил во полиција тврдејќи дека е наместен и дека фотографиите не смееле да се споделуваат без негово знаење.

Британски “The Sun” излегол со идентитетот на тие девојки, а станува збор за “снепчет” моделот Тајлер Рајан и нејзините пријателки Елис Мелвин и Брук Морган. Сите три имаат по 21 година.

Една од нив во танга позирала покрај главата на Руни и во описот напишала “Money Rooney”, а тоа што дополнително го загрижува тренерот на Дерби е реакцијата на неговата сопруга Колин.

Потсетуваме, ова не е прв скандал од ваков тип за поранешниот напаѓач на Евертон, Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација.