Два дена пред да почине Лиза Мари Присли таа присуствувала на доделувањето на „Златните глобуси“ во Беверли Хилс кога филмот којшто е посветен на нејзиниот татко – „Elvis“, постигна голем успех.
На тој настан ја интервјуирал Били Баш, новинар во телевизијата „EXTRA“ којшто открил дека веднаш забележал дека нешто не е во ред со пејачката.
„Не можеше да одржи рамнотежа. Говорот ѝ беше многу забавен. И, дефинитивно кога интервјуто заврши, се свртев кон мојот продуцент и му реков: „Тука нешто не е во ред“, раскажал за „FOX La“.
Покрај Лиза за време на интервјуто бил поранешниот менаџер и долгогодишен пријател на нејзиниот татко, Џими Шилинг којшто постојано ја поддржувал, а таа додека траел тој разговaрaл му рекла: „Фати ме за рака“.
Да ве потсетиме, Лиза Мари Присли почина минатиот четврток на 54-годишна возраст во болница во Калифорнија откако во својот дом доживеала срцев удар.

Обдукцијата е завршена, се чекаат и резултатите од токсиколошката анализа пред официјалното соопштение за причината за смртта.