Важно: Ако планирате летување во Грција! Мицотакис објасни дали ќе има ново заклучување!

Не можам да ја направам вакцинацијата задолжителна, но сите сега ги преземаат последиците, земјата нема повторно да биде затворена за да заштити неколку невакцинирани лица и нема да дозволиме мнозинството од грчкото население, кое е вакцинирано да ја плати цената, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за радиото Катимерини.

Тој посочи дека, за разлика од претходните фази на пандемијата, кога беа преземени мерки за заштита на јавното здравје, сега има решение, а тоа се вакцините, пренесе агенцијата Ана.

Google search engine

Според Мицотакис, некои граѓани не ја признаваат вредноста на вакцинацијата и свесно апстинираат, оставајќи ги останатите граѓани да изградат „ѕид на имунитет“.

Тој изјави дека Грција сега има вакцини, има одговор.

А, имаме некои луѓе кои свесно одлучуваат да не се заштитат, да не ги штитат своите најблиски и да донесат ризик од нов бран со своето однесување, подвлече Микотакис.