Вакцините против рак можни до 2030 година!?

Вакцините против рак би можеле да бидат достапни пред крајот на оваа деценија, сметаат Угур Сахин и Озлем Туречи, брачниот пар кој стои зад една од првите вакцини против коронавирус.

Професорката Туречи опишала како mRNA технологијата во срцето на Бионтек вакцината против Ковид-19 може да се пренамени така што ќе го поттикне имунолошкиот систем да ги напаѓа клетките на рак наместо на коронавирус.

Google search engine

Запрашан кога вакцината против рак, основана на mRNA би можела да биде спремна за употреба кај пациенти, професорот Сахин изјавил дека има шанси да биде достапна пред 2030 година.

MRNA ковид вакцината делува, пренесувајќи генетски упатства за безопасните шилести протеини на коронавирусот во телото. Потоа, таквите упатства ги преземаат клетките кои исфрлаат шилест протеин. Тие протеини или антигени потоа се користат како дел од одбранбениот систем.

Истиот принцип може да се примени за имунолошкиот систем да започне да бара и уништува клетки од рак, вели Туречи, која е главен медицински службеник во Бионтек. Наместо да носи код што идентификува вируси, вакцината содржи генетски упатства за антигени на рак, протеини кои продираат во површините на клетките на туморот.

Бионтек работеше на mRNA вакцини против рак пред избивање на пандемијата, но компанијата се насочи кон производство на вакцина против коронавирус откако се соочи со глобална криза. Сега, компанијата има неколку вакцини против рак во клиничките испитувања.

Германската компанија се надева дека ќе развие третмани за рак на црева, меланом и други видови рак, но пред неа се значајни препреки. Клетките на рак можат да имаат широк спектар на различни протеини што го отежнува производството на вакцини чија цел се сите клетки на рак, а не и здравите ткива.