Мајкл Мајорга долго размислувал кој би бил најдобриот начин да ја запроси својата девојка, бидејќи, како што вели, тешко е да ја изненади, па дошол до една необична идеја.
Својот план за запросувањето го споделил на социјалните мрежи и додека некои го нарекле ‘гениј’, други не ја одобриле неговата постапка.
На својот Фејсбук профил објавил фотографија и во описот открил дека ја запросил Џамила Вилијамс додека спиела, така што ѝ ставил прстен на раката пред да се разбуди, пренесува „Mirror“.
Неговата објава е споделена 236.000 пати, а ја лајкувале повеќе од 338.000 луѓе.
За среќа, на девојката Џамила ѝ се допаднало изненадувањето, па се огласила на социјалните мрежи.
„Да! Не можам да верувам. Боже, неверојатен си што ми го испрати овој човек кој навистина ме сака. Мајкл Мајорга многу те сакам. Кога човек ќе пронајде нешто добро, не мора да бара ништо друго“, напишала таа.