Вака кралското семејство ги тестира кандидатите за работно место: Понижувачки и одвратно

Покрај подготвеноста за патувања и врвна дискреција, на кандидатите им се поставува и еден „суптилен предизвик“.

Неретко се укажуваат прилики за работа во кралското семејство, без оглед на тоа дали кралицата бара вработени за во дворецот во Виндзор или пак принцот Чарлс се надева на „совршен работник“ кој што ќе му помогне во организацијата на работното време.

Google search engine

Но, обожавателите на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги развеселила неодамнешната вест за вработување на нов работник кој што ќе им помогне во одржување на домот и палатата Кенсингтон.

Понудата за работа била огласена на службената веб-страница на Кралството и била опишана како „возбудлива можност за работа за кралскиот пар и придружување во позитивниот тим и веселото работно опкружување“. Секако постои и одреден кодекс на однесување до кој што сите пријавени кандидати мора да се придржуваат додека работат за војводата и војвотката.

Важно е да покажат подготвеност за патување затоа што парот често го поминува времето во својата резиденција во Норфолк со нивните три деца.

Но, постои и едно посебно строго правило до кое што идните потенцијални вработени во кралското семејство мора да се придржуваат.

Според зборовите на блиски извори до семејството, во кралското семејство постои нулта толеранција за озборување, а во огласот за работа пишува дека поединците треба да бидат совршени во „одржување на довербата и дискрецијата“.

Трејси Ватермен, кралската шефица за вработување исто така открила дека постои „суптилен предизвик со кој што се одлучува кој од кандидатите ќе ја добие работата.

„Еден од тестовите кои што сакам да ги правам за да проверам дали кандидатот има потенцијално око за детали – е поставување на мртви муви, во каминот или пак на тепихот. Еднаш кога ќе се постави мртва мува, ги внесувам кандидатите во собата. Ги внесувам прилично полека, давајќи им можност да погледнат што има во собата.

Ги носам до каминот и истакнувам дека сме добиле прекрасен, нов камин. Во тој момент очекувам да ја видат мртвата мува и се надевам дека ќе ја тргнат оттаму. Тоа е прекрасен тест, можеби од 10 луѓе половина од кандидатите ќе ја забележат мувата. Еден од десет сигурно ќе ја тргне. Е, личноста која што ќе го направи тоа е идеална за оваа работа“, открила Ватермен, а Британците кратко се изјасниле што мислат за тоа:

„Ова е очајно, понижувачки и срамно. Луѓето ги тестираат по тоа дали ќе ја видат мувата и ќе ја тргнат оттаму, грозно“.