Вака изгледа кога Вучиќ “договара” 9 милиони евра за 30 секунди

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е интернет хит во регионот откако се појави видео на кое за изградба на патот Голубац-Милановац телефонски за една минута договара 9 милиони евра.

“Ало, те молам, извини што ти пречам, само една молба: Ако ни затребаат 9 милиони евра за Голубац-Милановац можеме да најдеме или не?” , го прашува Вучиќ својот соговорник, по што на кратко не зборува, веројатно слушајќи го одговорот.

Google search engine

“Кон крајот на годината. Ајде, ти благодарам”, го завршува српскиот претседател разговорот, по што добива аплауз од насобраните.

Вучиќ подоцна изјавил дека тие 9 милиони евра не ги барал за себе и за свое богатење, туку за изградба на 50 километри пат од Долни Милановац до Голубац.

“Горд сум што во буџетските резерви имаме толку пари и можеме да изградиме толку важен пат. Можеби не е во склад со секој член од Уставот или законот, но не во спротивност со ниеден од нив”, рекол Вучиќ во Панчево одговарајќи на прашањето “на основа на кој член од Уставот или законот вчера побарал девет милиони евра од парите кои им припаѓаат на граѓаните на Србија и дали е тоа нормално”.

Тој рекол дека си дал за право, бидејќи не земал 9 милиони евра за себе или за своите компании, ниту поради некој друг.