Сателитските снимки на американската компанија „Планет лабс“ покажуваат забрзана изградба на објекти за привремено сместување во напуштена воена база во Белорусија, која би можела да биде новиот дом на руските платеници од „Вагнер“.
Ова го објави Њујорк Тајмс, кој потсетува дека Вагнерците добија можност да се преселат на белоруска територија по неуспехот на вооружениот бунт организиран од нивниот шеф Евгениј Пригожин минатиот викенд во Русија. Во согласност со договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Пригожин, во кој посредник беше белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Американскиот весник наведува дека изградбата на нови објекти во базата за прв пат била забележана во понеделникот, два дена откако маршот на Вагнеритите кон Москва беше запрен на сателитските снимки „Планет лабс“.
Веќе следниот ден појасно беше видливо дека на спортскиот терен од околу 32.000 метри квадратни во рамките на оградената база има најмалку шест реда огромни шатори за привремено сместување на луѓе. Слично е снимено и на отворен простор веднаш до спортскиот терен.
“The base is about 80 miles from the Belarusian capital, Minsk, and about 13 miles northwest of the town of Asipovichy, which houses multiple military facilities, including a training ground and ammunition storage site.” https://t.co/xfBHw78apT
— Amanda Rivkin/a (@amandarivkin) June 29, 2023
„Њујорк тајмс“ наведува дека оваа база се наоѓа на околу 130 километри од белорускиот главен град Минск и на околу 21 километар северозападно од градот Асиповичи, во кој се наоѓаат бројни воени објекти, меѓу кои и полигон за обука на војници и складиште за муниција.
Се наведува дека оваа база претходно била штаб на 465-та ракетна бригада на белоруската армија, која во 2018 година била преместена поблиску до градот Асиповичи. Оваа бригада е единствената во вооружените сили на Белорусија која поседува руски ракети „Искандер“ способни да носат конвенционални и нуклеарни боеви глави.
На претходните снимки од областа направени од сателитот „Planet Labs“ во средината на овој месец, отворениот простор во напуштената меринг беше целосно напуштен и речиси и да немаше никаква активност во него.
It’s a shorter trip from Asipovichy to Kiev than Rostov-on-Don to Moscow. pic.twitter.com/WPGOjiXhcu
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) June 26, 2023
Се наведува дека независниот руски медиум Верстка во понеделникот прв ја објави веста дека Асиповичи ќе биде новиот дом на Вагнерците, а оваа база се вклопува и во описот на Лукашенко за можната локација на борците на Пригожин.
– Им понудивме една од напуштените бази. Ограден е, има се, само одете таму и ставете ги шаторите. Ќе ви помогнеме колку што можеме – изјави Лукашенко откако потврди дека Пригожин пристигнал во Белорусија.
Едно време, додека базата беше целосно напуштена, регионалната влада на Асиповичи на Интернет понуди на продажба 31 зграда во неа, вклучувајќи воени касарни, кантини и работилници.

Корисниците на Твитер реагираа и на веста за можно преместување на Вагнерците во напуштена база во Белорусија, па еден од нив напиша дека растојанието од Асиповичи до украинскиот главен град Киев е пократко отколку од Ростов на Дон и Москва, мислејќи до градот на југот на Русија, каде што војниците на Пригожин брзо го презедоа во саботата пред да маршираат кон руската престолнина.
