Утврдени се три заеднички навики на луѓето кои доживеале длабока старост

Есоса Едосомван, нутриционистка чие истражување е насочено кон однесувањето и долговечноста, ги објави резултатите од своето истражување на луѓе постари од 70 години.

Едосомван, како дел од истражувањето, интервјуирала десетици луѓе во осмата деценија, па дури и постари, некои од учесниците биле околу 100 години.

Реклама

Исхрана

“Повеќето од нив јаделе храна од растително потекло, но морам да потенцирам, не сите. Се чини дека тајната била во тоа дека сите си пронашле режим на исхрана што им одговара. Успеале да реагираат кога телото се бунело против некоја храна и да ја заменат, така што тие поминале поголем дел од својот живот конзумирајќи храна што им се допаѓа“, рече таа.

Елиминација

Во едно интервју, Едосомван со смеење рекла дека знае дека празнењето на мочниот меур и цревата не е „секси“ тема, но е многу важна.

“Сите учесници во мојата студија пиеле доволно течности и редовно оделе во тоалет. Тие немаа проблеми со елиминирање на отпадните материи од телото. На тој начин, тие го одржуваа здравјето на дигестивниот систем, вклучително и имунитетот и го заштитуваа телото од воспалителни процеси кои му штетат. „Внесувале доволно вода и храна богата со растителни влакна“, рече таа.

Ментално здравје

Сите учесници во нејзината студија имале јасен приоритет кога станува збор за одржување на менталното здравје. Некои од нив биле посветени верници, некои вежбале јога или медитација, но сите, вели таа, имале позитивен ментален став кон животот.

“Тие многу се движат, медитираат, еден господин многу често ја читаше неговата Библија. Секој од нив нашол соодветен метод за смирување и фокусирање, а со тоа и справување со стресот, кој е одличен агресор за нашето тело”, рече таа.

Реклама