Кинеските градители успеале во нешто за кое секој би помислил дека е невозможно – изградиле станбен блок на 10 ката за само 29 часа.
Кинеската градежна компанија „Broad Group“ сметала дека вообичаениот период од една година за изградба на 10-катен станбен блок едноставно не одговара на нивната временска рамка, па избрале многу побрза опција и го изградиле за нешто повеќе од еден ден.
Снимките со временски интервали покажуваат како голема група градежни работници и 3 дигалки ја довршуваат високата зграда наречена „Жива зграда“ во кинескиот град Чангша за само 28 часа и 45 минути.
What could go wrong? Chinese builders construct ten-storey apartment block in 29 HOURS https://t.co/UphN3xSLF8
— Daily Mail Online (@MailOnline) June 23, 2021
Тие успеале во наизглед невозможниот подвиг со составување на мали модуларни целини кои биле однапред изградени во фабрика. Единиците кои биле со големина на транспортни контејнери и изработени од не’рѓосувачки челик, биле пренесени со камиони до градилиштето.
Дигалките биле користени за подигнување на единиците и местење една врз друга, додека работниците брзо работеле на тоа да ги наместат на свое место. По завршувањето на основната конструкција, биле инсталирани вода и електрична енергија.
Видеото го прикажува завршениот станбен блок кој е наместен и има едноставни бели ѕидови и дрвени подови. Компанијата тврди дека подовите се 100 пати поцврсти од конвенционалните подни плочи бидејќи се изработени од не’рѓосувачки челик.
Групата градежници во 2012 година претставила контроверзни планови за изградба на облакодер од 220 ката со помош на вакви модуларни единици за само 7 месеци. Сепак, изградбата никогаш не била завршена поради загриженоста за безбедноста и неодобрување од страна на властите.