Урнебесно видео: Талибани снимени во теретана и во забавен парк

На социјалните мрежи се појави видео од Талибанците кои вежбаат во теретана.

Според социјалните медиуми, салата се наоѓа во претседателската палата.

Google search engine

Талибанците, исто така, беа снимени и во забавен парк со комплетно оружје во рацете.

Нема потврда кога и каде се снимени овие видеа, но јасно се гледа кои се главни глумци во перформансот.

За потсетување, талибанците во неделата влегоа во главниот град на Авганистан, Кабул. После тоа, беше организирана итна евакуација на дипломатите, а илјадници исплашени граѓани почнаа да се евакуираат и да бегаат кон сите граници и аеродромот во Кабул за излез надвор од државата.