Урнебесно видео од Хрватска: Мајстор за паралелно паркирање во Сплит ги насмеал станарите

На социјалните мрежи се шири видео од Сплит кое покажува како за некои возачи паралелното паркирање е невозможна мисија.

Видеото прикажува непознат возач кој во компактен кросовер се обидува паралелно да се паркира. Иако има доволно место и повеќето искусни возачи би се паркирале „од прва“, овој возач добро се намачил. Не само што долго се обидувал да го паркира автомобилот иако тука може да собере и комби, туку изнервирал и други учесници во сообраќајот, но и ги насмеал станарите на околните згради кои со воодушевување снимале.

Google search engine

Снимката е објавена на Фејсбук страницата на Радио Далмација и за кратко време собрала голем број коментари и лајкови.

„Види колку е упорен, тоа се бара“, „Ист како мене само што јас на крајот би се откажала и би побарала друго паркинг место, а тој бил упорен и успеал, секоја чест“, „Се изнервирав само гледајќи го ова“, се дел од коментарите под видеото.

- АУДИО РЕКЛАМА -