Урнебесно! Анонимуси ги хакираа принтерите во Русија

Хакерскиот колектив Анонимуси ја продолжува сајбер војната во Русија. Откако хакираа голем број руски медиуми, кои објавуваа информации за Украина и повик да се прекине војната во таа земја, а потоа и бројните камери низ Русија и директно пренесуваа што прават Русите, сега се свртеа кон малку поинаков пристап.

Како што објавија на Твитер, тие хакирале принтери низ Русија и почнале да печатат повеќе од 100.000 копии во PDF формат со инструкции како да се инсталира прелистувачот Tor, кој може да ги заобиколи ограничувањата наметнати од Русија за интернет сообраќајот и пристап до страници надвор од Русија.

Реклама

Меѓу печатените документи е и антипропаганда, односно документи во кои се наведува дека Кремљ и руските медиуми ги лажеле руските граѓани за војната во Украина.

Се уште не се знае точно колку принтери опфаќа оваа акција, ниту колку долго ќе трае.

Во секој случај, би било интересно да се види реакцијата на просечниот Русин кој сака да испечати документ и добива материјали за инсталирање на Тора.

Реклама