Ураганот Ида остави милиони жители без струја

Најмалку едно лице загина, а бројни делови од Луизијана останаа без електрична енергија во налетот на ураганот Ида. Многумина бараат помош оти нивните куќи се опкружени со вода. Постои опасност од поплави.

Ураганот Ида, кој во неделата стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, предизвика високи бранови што поплавија голем дел од брегот, а во меѓувреме ослабна на Категорија 1.

Google search engine

На социјалните мрежи се поставени драматични сцени – покрив на болница носен од ветрот, плачот на луѓето кои велат дека околу нив има вода, нема струја.

 

„Не можеме да стигнеме до жителите на кои им е потребна помош“, изјави за Си-Ен-Ен градоначалникот на еден мал град, Џин Лафит.

„Градот е тотално уништен, има многу луѓе кои не можат да одат никаде, а ниту ние не можеме да стигнеме до нив. Ветерот е премногу силен и не можеме да испратиме чамци за спасување бидејќи е многу опасно, а животот на спасувачите би биле во опасност. Пробавме со камиони, но ниту тие не можат “, предупредуваат службениците од спасувачките екипи.

Досега, според некои информации, евакуирани се околу 1.500 луѓе, но неколку стотици остануваат заробени.

Во моментов во Луизијана има нешто повеќе од милион луѓе без електрична енергија, додека во соседниот Мисисипи има околу 50.000 луѓе.