УНЕСКО: Охрид и Охридското езеро да бидат ставени на листата загрозени светски вредности

И покрај уверувањата дека се преземаат чекори за отстранување на забелешките, УНЕСКО објави прелиминарен извештај на стотина страници во кој нотира дека сите надлежни инситуции потфрлиле, па Охрид ќе биде ставен на листата на културни наследтсва во опасност..

-Властите, како на национално така и на локално ниво, не ги имаат исполнето обврските од 2017 година за намалување, односно отстранување на идентификуваните закани по заштитеното подрачје. Напротив, има примери за продолжување на практиките на постапување спротивно предупредувањата. Негрижата кон природното и културното богатство резултира со постепена ерозија на атрибутите поради кои го уживаше добиениот статус. – стои во извештајот од -УНЕСКО.

Google search engine

Се обидовме да стапиме во контакт со новоизбраната претседателка на националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска но ни беше објаснето дека во моментов нема да дава коментар. Исто така не успеавме да воспоставиме контакт ниту со градоначалникот на Охрид, Константин Ѓеорѓиевски, кој веќе со месеци е недостапен за медиумите.

Од општината испратија само соопштение во кое се фалат што се презеле, но нема одговор зошто Охрид сепка ќе го изгуби статусот.

-Општина Охрид во предвидениот рок ќе испрати коментари на оваа првична верзија на извештајот, а официјален став околу нотираните препораки и заклучоци, ќе биде соопштен во јавноста откако ќе пристигне конечната и финална верзија на извештајот. – стои во соопштенито од општината, -Општина Охрид.

Побаравме коментар и екс-министерот без ресор, а сега советник на премиерот, Едмонд Адеми, кој лани учестуваше на конференцијата УНЕСКО, но ни порача дека не бил експерт во областа, а откако не е на функција не ја ни следел ситуацијата во регионот.

Охрид се најде во фокусот на УНЕСКО откако беа мпаирани над 1.000 дивоградби и на крајбрежјето, и во старито заштитен дел од градот. Општината урна само неколку, а за поопштирна акција бараше помош од Владата.