Уловиле и убиле ајкула која била закана за туристите: Во нејзиниот стомак пронашле нешто неочекувано

Британскиот турист кој исчезна на островот Реунион среде Индискиот Океан, источно од Мадагаскар, најверојатно бил изеден од ајкула.

Имено, 44-годишникот бил на одмор со сопругата, а тој ден отишол на пливање. Бидејќи долго време не се вратил, сопругата веднаш ја алармирала полицијата. По него била започната опсежна потрага, но не бил пронајден. Целото подрачје го пребарувале нуркачи, а брегот – кучиња трагачи.

Google search engine

Но, немало ни трага од човекот – сè додека локалните жители не убиле ајкула која пливала во близина на плажата и им се заканувала на туристите.

Направена е обдукција на ајкулата, а во цревата била пронајдена човечка рака со венчален прстен, за која се претпоставува дека е на исчезнатиот британски турист.

Неговата сопруга во полиција изјавила дека 44-годишникот бил многу добар пливач и дека не го видела како излегува од океанот, пишува Дејли Мејл. Полицијата, сепак, не ја исклучува можноста мажот да се удавил и неговото тело да привлекувало опасни риби.

Станува збор за тигреста ајкула, која по големата бела е најчеста ајкула која ги напаѓа луѓето. На островот Реунион нападите на ајкули не се ретки, па уште поголем е сомнежот дека Британецот бил убиен од една од ајкулите кои тие ги убиле.