Украинците срушиле руски авион? Тој се забил во зграда и се запалил (Видео)

Граничниот премин во украинскиот регион Запорожје бил погоден со ракета, а притоа имало и жртви, пренесува „Ројтерс“.

Регионот Запорожје, како што се наведува, нема копнена граница со Русија. Нападот се случил во 4 часот и 25 минути по локално време.

Google search engine

Истовремено било објавено дека украинските сили срушиле непријателски авион над Киев во раните утрински часови, кој потоа се забил во станбена зграда и се запалил.

Станбената зграда наводно има десет катови. Тоа за „Ројтерс“ го изјавил советник на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герешченко.

Функционер од украинското министерство за внатрешни работи изјавил дека авионот се срушил во еден од киевските квартови.

 

ПретходнаВоена инвазија – Русите го гранатираа Киев (Видео)
СледнаДоњецк и Луганск тврдат дека украинската армија гранатира цивилни згради, има и жртви