Осомничениот е жител на западниот украински град Лавов. Моментално е во притвор и се води истрага за предавство.
Украинските безбедносни служби во вторникот објавија дека уапсиле поранешен агент на КГБ кој помогнал да се насочуваат руски ракети во нападот во кој загинаа повеќе од 50 војници на западот од земјата во месец март.
Осомничениот ги испратил локациите на воениот центар за обука Јаворив, на самиот запад на Украина долж границата со Полска, до неименувана руска агенција преку апликацијата Телеграм, објави украинската служба за безбедност СБУ.
“Во ракетниот напад на Јаворив загинаа повеќе од 50 војници, а повеќе од 150 беа повредени“, објави СБУ на Телеграм.
По нападот Украина објави дека загинале 35 нејзини војници, додека Русија тврди дека овие бројки се многу поголеми.
Осомничениот кој е жител на западниот град Лавов, е во притвор и против него се води истрага за предавство, соопшти обвинителството.