Киев го повика НАТО да подготви економски санкции против Русија и да ја зајакне воената соработка со Украина додека таа земјата се придружи на западната алијанса во разговорите за тоа како да ја одврати Русија од повторен напад, во услови кога Москва распореди воени сили на руско-украинската граница.
Украина, поранешна советска република која сега се стреми да се приклучи на Европската унија и НАТО, стана потенцијално жариште меѓу Русија и Западот бидејќи односите се на најлошото во последните три децении од крајот на Студената војна.
„Ќе ги поканиме сојузниците да и се придружат на Украина во изготвувањето мерки за одвраќање“, изјави за новинарите украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој пристигна на разговори со своите колеги од НАТО во Рига.
Како дел од тој пакет, НАТО треба да подготви економски санкции за Русија доколку таа „одлучи да го избере најлошото сценарио“, рече тој, додавајќи дека алијансата треба да ја зајакне и воената и одбранбената соработка со Украина.
„Убедени сме дека ако ги здружиме силите, ако дејствуваме координирано, ќе можеме да го одвратиме претседателот Путин да го избере најлошото сценарио, а тоа е воена операција“, рече Кулеба.
Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, им изјави на новинарите по пристигнувањето на седницата на НАТО дека секоја воена операција што ќе го наруши суверенитетот на Украина ќе има „тешки последици“ и дека Данска е подготвена за „строги“ санкции.
Во своите изјави, тој ги повтори коментарите на НАТО и САД, кои во вторникот упатија остри предупредувања до Русија дека ќе плати висока цена за секоја нова воена агресија против Украина.