Украдени доверливи нацрти од уреди на Apple: Хакерите бараат 50 милиони долари!

Хакерите се закануваат дека ќе ги објават документите доколку компанијата Quanta, партнер на Apple, не им исплати 50 милиони долари. Со оглед на тоа што оваа компанија одби да им плати, хакерите започнаа да го уценуваат гигантот од Купертино.

Доверливи документи за уредите на Apple паднале во рацете на руски хакери кои се заканија дека ќе ги објават доколку највредната компанија на светот до 1-ви мај не им плати 50 милиони долари.

Google search engine

За да покажат дека се сериозни во својата намера, хакерите од групата REvil веќе објавија некои документи, како нацртот за минатогодишниот модел на Macbook Air, iMac и некои податоци за уште еден пренослив уред на Apple.

Засега не е познато за какви документи и нацрти на уреди станува збор, односно не е познато дали успеале да дојдат во посед на нацртите на новите уреди кои допрва треба Apple да ги претстави.

Од Apple соопштија дека „го истражуваат овој инцидент“, и одбија да откријат повеќе детали, додека пак од Quanta потврдија дека дошло до сајбер напад на мал број на сервери.