Премиерот Зоран Заев изрази уверување дека ова прашање наскоро ќе се реши со измени во Законот за игри на среќа. Приредувачите испратија барање до Владата да ја продолжи лиценцата се додека не се реши тоа прашање, но наместо тоа, Уредбата беше укината, лишувајќи ги играчите од најбезбедниот начин за забава.
Дали државата конечно ги воочи сите придобивки кои онлајн обложувањето ги донесе во буџетот среде економска криза, особено затоа што оди во прилог на мерките за борба против епидемијата, бидејќи играчите без физичко присуство можат да уживаат во овој вид забава? Премиерот на државата изрази уверување дека прашањето за онлајн обложување по пат на лиценцирани спортски обложувалници наскоро ќе биде решено со измените во Законот за игри на среќа. Меѓутоа, премиерот не прецизираше за кога е тоа планирано, иако е поднесено решение кое може веднаш да се примени.
Во период кога најголем дел од работите можат да се направат онлајн и работењето се префрлува на интернет, поединечни интересни групи работат и против здравствениот и против економскиот систем на државата, а не обрнуваат внимание на фактот ддека се загрозени десетина илјади работни места!
Приредувачите испратија барање до Владата да се продолжи лиценцата до измената во законот, но наместо тоа, Уредбата е укината, со што на играчите им е одземен најбезбедниот начин на забава, а на компаниите од оваа гранка им е одземена можноста за непречено работење. Дали интересите на повеќедецениските лобисти се посилни од економската благосостојба, па дури и од мерките за спречување на ширење на коронавирусот? Уредбата со која на 24 април се овозможи обложување преку Интернет во земјата преку домашни лиценцирани сајтови мораше да се претвори и во трајно законско решение, бидејќи тоа е заемна придобивка и за државата и за индустријата.

На кого му одговара да не се продолжи одлуката за онлајн обложување и државата да е во загуба? Повеќе од очигледно е дека ова им користи само на автомат клубовите и монополистите со ВЛТ апарати. Зошто државата гледа настрана и не сака да ги види сите придобивки кои онлајн обложувањето ги донесе во буџетот среде економската криза, особено затоа што оди во прилог на мерките за борба против епидемијата, бидејќи играчите без физичко присуство можат да уживаат во овој вид забава. Во време кога целиот свет се префрлува на веб-работење и повеќето работи можат да се направат онлајн, нашата земја повторно прави чекор наназад. Одредени интересни групи работат и против здравствениот и економскиот систем на земјата, а не обрнуваат внимание на фактот дека се загрозени десетина илјади работни места!
Уредбата на Владата усвоена на 24-ти април е донесена како одговор на криза и таа помогна да се сочуваат многу работни места кои директно и индиректно ги поддржува индустријата – повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно се зависни од генерирање на личен доход во еден цел ланец на вредности кој го создаде оваа индустрија. Уредбата помогна на приредувачите да ги задржат своите вработени, но и да продолжнат да влеваат средства во државниот буџет, кој на годишно ниво изнесува 280 милиони евра!
Уредбата се покажа како одлично решение за одржливост на оваа индустрија, која директно вработува околу 10.000 луѓе и има силен придонес кон државната економија, особено што спортското обложување беше една од најпогодените гранки во кризата. Прво заради стопирањето на сите спортски натпревари ширум светот, а покасно и заради тоа што спортските обложувалници беа затворени речиси два месеца согласно рестриктивните мерки на Владата.
Македонија со воведувањето на Уредбата за онлајн обложување покажа дека ги следи европските процеси, се овозможи и понатамошно континуирано полнење на државниот буџет и чување на десетици илјади работни места среде кризата која се уште е во полн ек. Легалните приредувачи на игри на среќа очекуваа дека и идните законски решенија ќе го следат тој пример, но повторно наидуваат на препрека. Очигледно, интересите на лобистите се пред вработените во оваа индустрија кои сега се плашат за својата работа. А, изгледа дека се појаки и од здравиот разум, бидејќи во целост се спротивни со сите епидемиолошки мерки.
Во услови на пандемија и намалено движење на граѓаните во зима, со укинување на уредбата за онлајн обложување доаѓа до огромни намалувања на приходот во оваа индустрија, што драстично ќе се одрази на приливот од стотина милиони евра во државниот буџет годишно. Повеќе од 10.000 вработени во индустријата на игри на среќа, обезбедуваат уште по седум работни места во други индустрии, па оваа индустрија на забава поддржува околу 70.000 работни места. Земајќи ги предвид членовите на семејствата, речиси 10% од жителите во државата директно и индиректно живеат од оваа индустрија.

Индустријата на игри на среќа плаќа високи даноци и учествува со неверојатни 4% удел во бруто домашниот производ, а придонесот на индустријата на игри на среќа кон јавниот буџет годишно се зголеми околу 40 отсто! Легалните приредувачи и во текот на кризата предизвикана од коронавирусот продолжија да ги исполнуваат своите редовни обврски кон државниот буџет и буџетите на локалните самоуправи, кои годишно изнесуваат повеќе од четвртина милијарди евра, а претходните месеци дадоа акцент на општествено одговорните активности во здравствениот систем.
Имено, само минатата година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасирале рекордни 280 милиони евра. Од тие, 155 милиони евра од директни приходи и 125 милиони евра благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални даноци, придонеси и даноци на добивка, закуп на деловен простор… За плата на своите вработени, компаниите кои приредуваат игри на среќа издвоиле околу 50 милиони евра.
ПРЕДНОСТА НА СТРАНСКИТЕ САЈТОВИ НОСИ НА ДРЖАВАТА ЗАГУБА ПОМЕЃУ 40 И 50 МИЛИОНИ ЕВРА
Со одлуката да не се продолжи уредбата за онлајн обложување, Владата дава предност на странските сајтови за онлајн обложување на кои играчите повторно масовно ќе заминуваат, што е огромна загуба за државата – помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно! Постои реална опасност игрите на среќа сè повеќе да се преселуваат на црниот пазар, што би отворило дополнителни проблеми за економијата и целокупната заедница. Било какво лошо законско решение може да има несогледливи последици по економијата и општеството, а една од нив е и загубата на стотина милиони евра кои би се одливале од државата преку нелегалниот пазар.