Укинување на две рестриктивни мерки за спречување на Ковид-19, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести донесе одлука за предлог на две нови мерки коишто ќе ги проследи до кризниот штаб и до Владата. Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

„Укинување на задолжително поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од Македонија, ова се однесува само за граничните премини на нашата земја и не важи за влез во земјата“, вели Мехмедовиќ и додава:

Google search engine

„Втората мерка се однесува за бремените жени, односно да се укине нивното ослободување од работа“.

Мехмедовиќ упати и препорака до бремените жени за вакцинација. Појасни дека препораките во светот се дека за бремените жени е безбедна вакцинацијата и препорачлива.

Предлог мерките на Комисијата се доставени до министерот, а потоа ќе бидат дадени на разгледување во Главниот кризен штаб.