UFC хаос во Лондон: Грузиец и Англичанец се истепаа поради политика (ВИДЕО)

Во сабота во Лондон ќе се одржи УФЦ настан, а двајца борци решија да се пресметаат надвор од рингот, откако Грузиецот Илја Топурија тргна физички да се пресмета против Англичанецот Педи Пимблет поради неговиот коментар за народот во Грузија.

На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа како двајцата борци се степаа, по што мораше да интервенираат останатите за да спречат поголем хаос.

Google search engine

„Не го познавам, но знам што напиша на интернет за мојот сонародник. Ми напиша дека знае зошто Русија ја бомбардирала Грузија. Тој се шегува со нешто што не е смешно, многу невини луѓе загинаа во војната. Тој е идиот“, кажа Топурија.