Учениците два дена нема да имаат настава поради загадениот воздух од пожарот во Тетово

Засега нема повредени, освен неколку интервенции кај задушени луѓе поради чадот од пожарот во Тетово кој во 9 часот избувна во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.

Поради пожарот, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи сите ученици да не одат на настава овие два дена.

Реклама

-Апелирам до сите граѓани да остануваат дома, да не излегуваат ако немаат никаква работа, не дека е критично, но поради загадување на воздухот да останат дома, да видиме што ќе се случи. Ние со пожарникарите сме на терен. Тие работат да го блокираат загадувањето на воздухот, да го локализираат пожарот, изјави Бесар Дурмиши од Совет на Тетово.

Побарале помош од Општина Гостивар и Град Скопје.

-Тие се дојдени и од нивна страна е побарано да дојде хеликоптер за да го запре пожарот, рече Дурмиши.

Реклама