Убавицата на која Кејти Пери ѝ ја посвети популарната песна „I Kissed a Girl“ одлично ја знаете…

Благодарение на својот прв суперхит – песната „I Kissed a Girl“, името Кејти Пери стана многу познато, но дали вие знаете за која девојка пееше таа?

Пејачката Кејти Пери се прослави во текот на 2008 година, со песната „I Kissed a Girl“ во која пееше за геј популацијата.

Google search engine

Таа во песната опишуваше дека нејзините усни имале вкус на вишни, дека бакнежот ѝ се допаднал, но сепак не го открила името на споменатата девојка.

Пред неколку години тоа се смени – Кејти потврди дека станува збор за нејзината колешка Мајли Сајрус.

Мајли во тоа време имала 15 години, а Кејти 22. А, дека девојката од песната на Кејти е Мајли, признала самата Мајли Сајрус.

„Кога се промовираше оваа нејзина песна, јас го снимав филмот „Хана Монтана“ и ја слушнав на радио. Тогаш знаев дека оваа песна ја напишала поради мене“, изјавила Мајли.

А, Кејти сето тоа го потврдила:

„Бев на еден нејзин концерт и ѝ пријдов да ѝ дадам пријателски бакнеж, но тогаш се случи нешто друго. Којзнае каде беше јазикот“, раскажала Кејти.