Убави вести за сите кои сакаат да патуваат во Грција: Од понеделник се олеснува влезот во оваа земја

Од понеделник, Грција ја укинува мерката воведена на 19-ти декември 2021 година, за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за нашите државјани.

Министерот за здравство, Танос Плеврис, претпладнево рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

Google search engine

„Од понеделник, 7-ми февруари, влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“, изјави Плеврис, пренесува „Слободен печат“.

Како што е пракса во Грција, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник.

Последната министерска одлука од 24-ти јануари е во сила до понеделник во 6 часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.