Се чини дека ниту една Ноќ на вештерките досега не создаде толку одлични костими како што тоа беше случај оваа година. Славните очигледно биле повеќе од инспирирани за креирање костими, меѓутоа има и такви како Меган Фокс, кои сепак малку се занеле…
Актерката е дефинитивно една од најзгодните жени на светот, а што и да облече ѝ прилега совршено. Сепак, откако е во врска со Машин Ган Кели, Меган повеќе ја гледаме гола отколку облечена. Се чини дека со секое ново издание се обидува што повеќе да ја шокира јавноста, но она што им го приреди на папараците по вчерашната забава малкумина го очекувале.
Фокс и Кели се појавиле маскирани како Линк и Зелда, ликови од популарната игра на „Nintendo“. Иако отпрвин се чинело дека ова е едно од нивните најпристојни изданија, сè се променило кога актерката, при одењето, не сакајќи го открила своето меѓуножје.


Меган не носела долна облека под костимот, но изгледа како да не се преоптоварувала што сите можат да видат буквално сè. Секако, од моментот кога фотографиите ги преплавија мрежите, луѓето не престануваат да ги коментираат истите.
„Добро Меган, сфаќаме дека си згодна, но зошто ова?“, „Не е хигиенски да не се носи долна облека, особено по овие развратни забави“, „Машин буквално ја сфатил задачата да ја оплоди Меган“, „Добога, мајка си. И онака твоите деца ги малтретираат на училиште, сега сите ќе ги споделуваат фотографиите од твојата вагина“, „Во што се претвори оваа жена“, е само дел од она што може да се прочита на мрежите.
Многумина ѝ посочуваат на Фокс дека со ова отишла предалеку и дека воопшто не размислува за своите деца, а Меган како и досега не се огласила по повод таквите коментари. Таа го живее животот со полна пареа и очигледно не се грижи за никого и ништо освен за себе.