Уапсени над илјада млади кои се забавувале на улиците

Веќе неколку дена Мајами Бич се бори против огромен број на млади кои се забавуваат за време на пролетните празници, притоа уништувајќи го инвентарот во рестораните и непочитувајќи ги епидемиолошките мерки.

Од локалната полиција соопштија дека над илјада студенти се уапсени откако станале „сериозна закана за градот“.

Google search engine

Поради ова, градските власти изгласаа полициски час од 20:00 навечер до 06:00 часот наутро кој би можел да биде на сила и во текот на април. Сопствениците на рестораните ги замолија да ги затворат терасите, а локалните продавници доброволно да ги затворат своите врати.

Од полицијата соопштија дека голем број од луѓето на уличните забави воопшто не се студенти, туку возрасни кои се однесуваат како да се „пуштени од ланец“ во една од ретките целосно „отворени“ сојузни држави во САД.

Повеќе од половина од уапсените во Мајами Бич пристигнале од другите сојузни држави „за да се придружат на слободната забава“ – истакна градскиот управител Раул Агуила и додаде дека „бесната толпа“ ги окупирала улиците и се качувала по автомобили.

Ситуацијата во петокот целосно излезе од контрола, а во саботата полицијата ги раструваше луѓето од улиците, додека туристите ги замоли да останат во своите хотелите.

Локалните функционери се трудат да балансираат помеѓу „угодувањето“ на туристите за да ја поттикнат економијата и мерките против пандемијата со цел ширењето на вирусот да не излезе од контрола.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.