Уапсен поранешниот партнер на Кајли Џенер! Раперот ја претепал својата девојка, таа објавила фотографии од повредите

Поранешниот партнер на ријалити ѕвездата Кајли Џенер (24), раперот Тајга (31), уапсен е поради тешко семејно насилство, а одредена му е и кауција во износ од 50.000 долари.

Тајга во Лос Анџелес доброволно ѝ се предал на полицијата во пресрет на обвинението на неговата поранешна девојка Камарин Свонсон, која на Инстаграм објавила фотографии од наводните повреди што ѝ ги нанел, пишува „ТМЗ“.

Google search engine

Раперот сакал да им ја објасни на полицајците својата страна на приказната, откако Камарин го обвинила дека грубо ја нападнал за време на расправија во неговата куќа.

Блиски извори за „ТМЗ“ тврдат дека Камарин неодамна околу три часот наутро видно вознемирена го посетила раперот. Тогаш пред неговиот дом имале жестока расправија. Тајга ја пуштил во домот каде нивната расправија продолжила. Камарин тврди дека тогаш раперот ја удрил и ѝ нанел модринки по лицето и телото.

Потоа објавила низа Инстаграм објави со вознемирувачки фотографии од повредите.

„Толку ми е непријатно што дојде до ова, но сега морам да се грижам за себе“, започнала таа.

„Бев емотивно, психички и физички злоставувана и не сакам тоа повеќе да го кријам“, напишала под фотографијата која ја објавила на социјалните мрежи.

Тајга и Свонсон својата врска ја објавиле во февруари оваа година. Манекенката и сопственичка на моден бренд тогаш на социјалните мрежи споделила нивна заедничка фотографија на која се држат за раце.

Пет месеци подоцна се зборувало дека се вериле, бидејќи Свонсон била видена со прстен кој имал два големи дијаманти на левата рака, но тоа парот никогаш не го потврдил.