Уапсен милијардерот Томас Барак

Томас Барак, милијардер и пријател на Доналд Трамп, кој бил на чело на инаугурацискиот фонд на поранешниот американски претседател, е уапсен.

Тој се товари, меѓу другото, за незаконско меѓународно лобирање и опструкција на правда, соопштило американското Министерство за правда.

Google search engine

Барак е обвинет дека незаконски ги застапувал интересите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во САД, пренесува “Reuters”.

На товар му се става дека ги лажел агентите на ФБИ во текот на сослушувањата за своите врски со ОАЕ, наведува “Tanjug”.

74-годишниот Барак е долгогодишен сојузник на Трамп и основач на компанијата “Colony Capital”.

Тој во 2020-та се повлекол од местото извршен директор на компанијата, а во април оваа година дал оставка на местото извршен претседател.