Уапсен е српски амбасадор со 84 илјади евра во кеш во 12 куфери

Српскиот амбасадор во Каиро, Југослав Вукадиновиќ, е фатен на аеродромот во Белград каде со сопругата слетал од Каиро обидувајќи се да пренесе 84.000 евра кеш распоредени во 12 куфери, пренесува „Блиц“.

Вукадиновиќ и неговата сопруга се вратиле од Египет бидејќи тој беше отповикан од амбасадорската позиција само неколку дена претходно.

Според информациите на медиумот, парите не биле пријавени пред надлежните институции.според сознанијата на весникот, а во паричници на брачната двојка имало уште 4.500 евра во кеш.

Прописите во Србија велат дека може да се пренесат неограничена сума, но ако станува збор за над 10.000 евра, мора да бидат соодветно пријавени.

Парите му биле запленети, а тој е ослободен.

Од српското МНР одбиваат да го коментираат случајот, но нагласуваат дека амбасадорот е сменет поради „непрофесионално постапување“.