Уапсен 59-годишен маж кој на „Фејсбук“ му се закануваше на 15-годишно девојче дека ќе го силува

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, светиниколско кој е обвинет дека им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“.

Комуникацијата беше споделена на Фејсбук групата СТОП Педофилија.

Google search engine

Како што соопшти МВР, полицијата вчера го приведе Б.Т.(59) од , поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

„Извршен е претрес во домот на М.А.(63) во село Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

Осомничениот им испраќал еротски фотографии на малолетнички и им се заканувал дека ќе бидат киднапирани и силувани ако кажат некому за пораките.

ПретходнаНеспојлив пар: Целосно се различни, повеќе не се кријат, а очигледно е дека уживаат заедно
СледнаПотенцијален проблем: Американците истражуваат смртен случај и хоспитализација после вакцинирање со „Џонсон & Џонсон“