Тврдина на тркала: Ова е “ѕверот” во кој се вози Путин во Женева

И во текот на престојот во Женева, каде денеска се состанал со американскиот претседател Џо Бајден, Путин се возел со “Аурус”.

“Аурус Сенат” е најновата лимузина на рускиот претседател Владимир Путин и ова лускузно возило чини 250.000 долари во регуларна продажба, иако постојат и моделите со помоќни перформанси во вредност од 275.000 долари, и оние со најмоќни, до 300.000 долари.

Google search engine

“Аурус” ги претставил двете луксузни лимузини со име “Сенат С600” и “Сенат Лимузина С700” на саемот за автомобили во Женева уште во 2019-та година, додека проектот прв пат бил претставен во 2013-та година. Оваа лимузина всушност е цивилна верзија на лимузината која ја користи рускиот претседател.

 

Лимузината ја придвижува 4,4-литарски В-8 мотор, развиен во соработка со “Порше”, до 100 км/ч достигнува за 6 секунди, а силата ја пренесува деветостепен менувач.

“Јас патувам со вакви возила и сум бил на местото на возачот многу пати. Ова е навистина висококвалитетно возило, кое ги исполнува сите светски стандарди”, рекол своевремено Владимир Путин, при претставувањето на оваа линија на возила.

Според наводите на медиумите, Русите во целиот проект вложиле повеќе од 400 милиони долари, а дури и американските новинари истакнале дека е побезбедна од лимузините на останатите светски лидери. Возилото е блиндирано, има сопствени резерви на кислород, а се тврди дека може да издржи и ракетен напад.

ПретходнаВака изгледа најскапата плажа во Црна Гора
СледнаНајголемото истражување досега покажало дека четвртина од пациентите, дури и асимптоматските развиваат постковид синдром