Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел ја ракетирал палестинската територија со фосфорна бомба.

Видеото објавено на „Твитер“ покажува два чада на местото на нападот, црн и бел, за кои корисникот на социјалната мрежа кој го објави видеото тврди дека е доказ дека Израел фрлил фосфорна бомба, која е забранета со Женевската конвенција од 1980 година. Автентичноста на снимката и тврдењето за тој вид бомба не се потврдени.

Google search engine

Меѓу сите запаливи материи што се користат во запалива муниција, белиот фосфор зазема посебно место. Ова се случува поради неговите уникатни хемиски својства и пред сè поради температурата на согорување, која достигнува 800-1000 Целзиусови степени.

Друг важен фактор е способноста на оваа супстанција спонтано да се запали при интеракција со кислород во воздухот. Кога гори, белиот фосфор ослободува густ отровен чад, што исто така предизвикува изгореници на внатрешниот респираторен тракт и труење на телото.

Доза од 0,05 до 0,1 грам е фатална за луѓето, а во зависност од количината топи човечко месо.